A+ / A-

Кредитно животно осигурување

Што претставува кредитното животно осигурување?

Многу  луѓе имаат тешкотии во управувањето со своите кредити, особено во случаи на непредвидени ситуации.  За првпат на пазарот, Охридска банка во соработка со осигурителната компанија Grawe Ви нуди повеќе од финансиски одговор за Вас - кредити со дополнителна заштита. Доколку се случи несакан настан, осигурителната компанија ќе ја подмири недоспеаната главнина од Вашиот кредит што го должите во Охридска банка.

Кој може да аплицира?

Сите физички лица што аплицираат за нов кредит или веќе се корисници на кредит во Охридска банка, на возраст од 18 до 67 години на денот на аплицирањето.

Кои кредити се опфатени?

Сите типови кредити за физички лица на Охридска банка: кеш експрес, компакт, станбен, хипотекарен, студентски, автомобилски, кредит со 100% депозит.

Kарактеристики

oсигурителна премија 0,85% годишно од износот на кредитот;  

покриени ризици:

-       смрт како резултат на несреќен случај и/или болест;

-       целосна и трајна инвалидност како резултат на несреќен случај или болест;

-       трајна и целосна загуба на способноста како резултат на болест или несреќа.

Основни предности

поголема сигурност: кредитното животно осигурување Ви овозможува посигурна иднина, знаејќи дека сте заштитени доколку се случи нешто непредвидено;         

заштита на семејството од оптоварување со долговите на најблиските;        

едноставен  начин на плаќање – премијата е вклучена во месечната рата за кредит; 

иновативна услуга како дел од банкарските продукти за првпат на пазарот.          

Како да аплицирате за кредитно животно осигурување?

 ■ Обратете се кај својот личен банкар, во некоја од експозитурите на Охридска банка.      

 

принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби