A+ / A-

VISA Classic кредитна картичка 

Еден од најголемите светски системи на безготовинско плаќање сега e уште поблиску до Вас. VISA револвинг кредитната картичка на Охридска банка е картичка посебно прилагодена согласно Вашите потреби и барања. Одберете картичка која најмногу Ви одговара.

Предности:

  • Без провизија за месечно одржување на картичката за првата година
  • Зголемена сигурност – VISA картички со најнова ЧИП технологија
  • Mинимална рата од 5% на искористениот дел од кредитниот лимит
  • Mожност за избор на отплатата меѓу рата од 5% и отплата од 100%
  • Кредитен лимит до 180.000 денари без жиранти, прилагоден според Вашите приходи и личната способност за отплата
  • Бескаматен грејс-период, максимум 42 дена, за сите отплатени трансакции до 12-ти во месецот, за готовина подигната на банкомат и за плаќања направени со картичка
  • Aвтоматско обновување на кредитен лимит со секое отплаќање на минималната рата
  • Eдноставно плаќање на ратите преку OBSGNet електронското банкарство или со траен налог од трансакциска сметка
  • Бесплатни трансакции на ПОС-терминалите во земјата и во странство
  • Можност за издавање на дополнителни картички за овластени корисници на картички во рамките на дозволениот кредитен лимит
  • Можност за плаќање на производи и услуги на интернет.

Потребни документи за добивање картичка:

ОСИГУРУВАЊЕ НА VISA CLASSIC КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ:

Медицинска помош:

  • Медицински трошоци;
  • Трошоци за репатријација;
  • Посета од страна на член на семејството во случај на хоспитализација.

Помош при патување:

  • Правна заштита во странство;
  • Помош при патување во странство (во случај на кражба или губење на багажот);
  • Покривање на трошоците за испраќање на колега кој ќе го замени осигуреното лице во странство;
  • Испраќање на итни пораки.

Пример

Доколку Вашиот кредитен лимит е 100.000 денари и со картичката купите телевизор, чија цена изнесува 20.000 денари, Ви остануваат 80.000 денари на располагање на кредитната картичка. Кога ќе го добиете својот месечен извештај, можете да одлучите да го платите потрошениот износ во целост или делумно. Со 5% минимална рата, Вие би требало да платите 1.000 денари и 100% од достасаната камата. Доколку одлучите да платите 20.000 денари, тогаш Вашиот кредитен лимит ќе биде целосно обновен и нема да Ви се наплати камата. Каматната стапка е варијабилна и моментално изнесува 11,25%, а стапка на вкупни трошоци изнесува 11,85%.

* Условите се однесуваат на клиентите што примаат плата преку сметка во Охридска банка. Каматната стапка на кредитните картички е варијабилна и изнесува 11,25% (СВТ од 11,85%) пресметана на 1.1.2014 година за вкупен износ на кредитен лимит до 180.000 денари и рок на отплата од 20 месеци. Каматната стапка е променлива во согласност со политиката за каматни стапки, но не е повисока од законски дозволената каматна стапка. Сите останати трошоци поврзани со картичката се утврдени со тарифата на надоместоци за услугите на Банката. Банката ги задржува правата за измени на условите. Банката не е одговорна за евентуални печатни грешки.

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!