A+ / A-

Краткорочни кредити

Видови на кредити

Денaрски кредити (Business overdraft)

Денарски кредити индексирани во ЕУР

Корисници

  • Правни лица кои се извозно ориентирани

Намена

  • За финансирање на краткорочни потреби на клиентите за обртни средства и подмирување на обврски спрема странски партнери

Валута

  • ЕУР

Рок на враќање и начин на отплата

  • До 12 месеци
  • еднократно враќање, со еднакви месечни ануитети или во склоп на веќе одобрен рамковен кредит

Износ

  • Износот на кредитот зависи од кредитоспособноста и бонитетот на комитентот,квалитетот и вредноста на понудениот колатерал, како и од потребите на барателот на кредитот

Каматна стапка

  • 6,5%-9,5% годишно, и истата зависи од кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и квалитетот на понуденото обезбедување
  • Каматната стапка е варијабилна и прилагодлива по Одлука на Банката

Исплата

  • На жиро сметка на правното лице со соодветна конверзија на одобрените девизни средства по куповен курс на OBSGN@t на денот на одобрување на кредитот
  • За плаќање во странство по налог на корисникот на кредитот

Начин на плаќање на обврски

  • во девизи ако истите потекнуваат од приливи од нерезиденти или
  • во денари по продажен курс на OBSGN@t

Краткорочни кредити можат да се одобрат како посебни кредити или да бидат исплатени од веќе одобрениот рамковен кредит.

Идеално решение за брзо и флексибилно финансирање што ќе одговори на вашите финансиски потреби. Рамковниот кредит се одобрува до одреден износ т.н. лимит по претходна анализа на кредитното барање и за одреден временски период. Во рамките на одобрениот лимит може да користите повеќе видови на банкарски производи: краткорочни кредити за поддршка на тековното работење,гаранции , акредититиви,дозволени пречекорувања или бизнис-картички. Со рамковниот лимит се олеснува процесот за одобрување и користење на средствата, а претставува наједноставен и најбрз начин за користење на потребните средства.

Намена на кредитите:

  • Кредити наменети за премостување на краткорочни финансиски гапови, финансирање на краткорочни бизнис циклуси.

Рок на враќање и начин на отплата:

  • До 1 (една) година. Враќањето на кредитот може да се врши со еднократна отплата или во еднакви месечни ануитети.

Каматна стапка:

  • Каматната стапка се движи од 3% до 10% годишно.
  • Висината на каматната стапка зависи од кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и квалитетот и вредноста на понудениот колатерал.
  • Каматната стапка може да биде фиксна, варијабилна или променлива по Одлука на Банката.

Износ на кредитот:

  • Износот на кредитот зависи од кредитоспособноста и бонитетот на комитентот, квалитетот и вредноста на понудениот колатерал, како и од потребите на барателот на кредитот.
принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби