A+ / A-

Платежни картички на Охридска банка

За поголема флексибилност и слобода во сите Ваши плаќања, за да имате готовина во секое време, каде било во земјата и во светот, Охридска банка Ви ги нуди платежните картички од брендовите MasterCard и Visa. Дизајнирани согласно Вашите потреби, имате можност да изберете дебитна или кредитна картичка од Охридска банка.

Дебитни картички

Дебитните картички се најпрактичен начин да се грижите за своите пари и да имате пристап до вашата трансакциска сметка 24 часа на ден, 365 дена во годината.

Дебитни картички што Охридска банка им ги нуди на своите клиенти се:

Кредитни картички

Кредитните картички на Охридска банка Ви нудат можност да располагате со однапред определен износ на средства, што ви овозможува да купите што сакате, во кое било време, на кое било место.

Кредитни картички што Охридска банка им ги нуди на своите клиенти се следните:

Не заборавајте!

Совети за безбедно користење на картичките:

  • Чувајте ја Вашата картичка исто како што ја чувате готовината;
  • Запомнете го Вашиот ПИН и не запишувајте го на картичката;
  • Не доверувајте ја картичката на друго лице, ниту пак Вашиот ПИН-код;
  • Додека го внесувате Вашиот ПИН, не дозволувајте вниманиeто да ви го одвлечат други лица;
  • Бидете сигурни дека никој не стои премногу блиску до Вас додека сте пред банкоматот;
  • Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигнатата готовина;
  • Не оставајте ја картичката на видно место и на дофат на деца;
  • Проверете го износот на трансакциите за да се осигурите дека е точен износот што го потпишувате;
  • По секое купување, проверете дали сте ја зеле Вашата картичка и потврдата од купувањето;
  • Во случај да ја загубите, да е украдена или злоупотребена Вашата картичка, веднаш обратете се на следниов телефон + 389 46 268 268;
  • При добивање на Вашата картичка, потпишете ја со пенкало на определеното место на позадината од картичката;
  • Купувајте од интернет-страници на познати компании и осигурете се дека интернет-страницата е безбедна – побарајте сликичка од заклучено катанче и проверете дали страницата започнува со https://.
  • Не внесувајте го ПИН-кодот при вршење трансакција на интернет;
  • Не испраќајте ги податоците од својата картичка доколку Вие не сте ја направиле нарачката;
  • Чувајте ги дoставените потврдни е-мејлови од продавниците каде што сте купувале на интернет и испечатете примероци од нив.

Локатор на банкомати на Охридска банка

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!