A+ / A-

Детско штедење

Предности:

  • Отворенo долгорочно детско штедење;
  • Можност за дополнителни вложувања и реализирање максимална профитабилност.

Карактеристики:

  • Минимален износ за отворање на детско штедење - 50 евра/ долари, 3.000 денари.
  • Можност за дополнително вложување во текот на целото времетраење на депозитот преку поединечни уплати.
    Депонентот може во текот на целото времeтраење на рокот на орочување, покрај првично депонираниот износ на парични средства, да вложува, односно да депонира и други износи на парични средства (преку поединечни уплати). Износот на парични средства што се дополнително депонирани во текот на втората половина од рокот на орочувањето на депозитот не може да биде поголем од износот на средства депонирани во текот на првата половина од рокот на орочување на депозитот, вклучувајќи го тука и првично положениот износ на депозит.


Каматни стапки на детско штедење

КАМАТНИ СТАПКИ НА ДЕТСКО ДЕНАРСКО И ДЕВИЗНО ШТЕДЕЊЕ
Рок / Валута Орочени на 24 месеци Орочени на 36 месеци Орочени на 48 месеци Орочени на 60 месеци
МКД 2.60 % 3.20 % 3.30 % 3.30 %
ЕУР 1.20 % 1.50 % 1.70 % 1.80 %
УСД 0.50 % 0.80 % 0.90 % 1.00 %


Не заборавајте!

  • Каматните стапки се фиксни за целиот период на траење на Договорот за депозит.
  • Каматните стапки се искажани на годишно ниво.
  • Пресметаната и припишана камата се исплаќа на датумот на доспевање на депозитот.
  • Пресметка на каматата кај детското штедење се врши на крајот од рокот на орочување со примена на конформна метода со реален број денови (365).

Калкулатор




принт

Калкулатор за депозити

Конкурентни и флексибилни услови на депонирање на Вашите слободни парични средства, како и неколку видови депозити прилагодени според Вашите бизнис потреби и можности