A+ / A-

Депозит таргет

Здружете ги вашите заштеди и искористете ги предностите на групното штедење.


Карактеристики:

Депозит таргет е нов, иновативен депозит наменет за групно штедење. Во депозитот Таргет може да вложуваат повеќе клиенти кои притоа основаат група на штедачи. Таргет група е група на депозити, која ја сочинуваат најмалку 1, а најмногу 7 депоненти. Секој депозит во една Таргет група му припаѓа на различен депонент.
Каматната стапка на индивидуалниот депозит зависи од вкупниот износ на сите депозити во Таргет групата, рокот на орочување на индивидуалниот депозит, начинот на исплата на каматата на индивидуалниот депозит (месечно или на крајот од рокот на орочување).
Каматната стапка ќе се зголемува или ќе се намалува како резултат на измените на вкупниот износ на сите депозити во Таргет групата.

Предности на Таргет депозит:

  • Можност за групно штедење на максимум 7 штедачи во една група;
  • Растечка каматна стапка во зависност од вкупниот износ на депозити во групата;
  • Секој депозит во групата е независен и му припаѓа на различен депонент;
  • Приватност во однос на висината на износот на поединечните депозити.
ТАРГЕТ ДЕПОЗИТ СО ИСПЛАТА НА КАМАТА НА ДАТУМОТ НА ДОСПЕВАЊЕ
Износ во ЕУР / Рок До 20.000 20.001-50.000 50.001-100.000 100.001-200.000 200.001-1.000.000 Над 1.000.001
24 месеци 1.10 % 1.20 % 1.30 % 1.30% 1.30 % 1.30 %
36 месеци 1.40 % 1.50 % 1.50 % 1.50 % 1.50 % 1.50 %
ТАРГЕТ ДЕПОЗИТ СО МЕСЕЧНА ИСПЛАТА НА КАМАТА
Износ во ЕУР / Рок До 20.000 20.001-50.000 50.001-100.000 100.001-200.000 200.001-1.000.000 Над 1.000.001
24 месеци 1.00 % 1.10 % 1.20 % 1.20 % 1.20 % 1.20 %
36 месеци 1.30 % 1.40 % 1.50 % 1.50 % 1.50 % 1.50 %

 

Не заборавајте!

  • Каматните стапки се искажани на годишно ниво.
  • Каматата се исплаќа на датумот на доспевање на депозитот или месечно, по избор на депонентот, на неговата трансакциска сметка. 
  • Пресметка на каматата кај депозитот Таргет се врши со примена на конформна метода со реален број денови (365).

Калкулатор 

принт

Калкулатор за депозити

Конкурентни и флексибилни услови на депонирање на Вашите слободни парични средства, како и неколку видови депозити прилагодени според Вашите бизнис потреби и можности