A+ / A-

Денарски депозит прогрес

Предности

  • Растечка каматна стапка, растечка профитабилност – без разлика на износот, во секој нареден период каматната стапка расте;
  • Гарантирани и непроменливи каматни стапки за целиот период на орочување на депозитот;
  • Можност за дополнителни вложувања и реализирање максимална профитабилност;
  • Можност за избор на различен рок на депозитот - 12 месеци (368 дена)/24 месеци (732 дена)/36 месеци. 

Минимален износ за отворање депозит прогрес е 15.000 МКД.
Максимален износ по дополнителните вложувања – почетниот износ помножен со 10, но не поголем од 6.000.000 МКД.

Каматни стапки на денарски депозит прогрес:

Период / Рок 368 дена 732 дена 36 месеци
I Период 1,00% 1,20% 1,50%
II Период 1,25% 2,30% 2,50%
III Период 2,00% 3,40% 3,00%
IV Период 3,25% 4,00% 3,50%
V Период / / 4,00%
VI Период / / 4,75%

 

Не заборавајте!

Каматните стапки се искажани на годишно ниво.
Пресметка на каматата кај депозитот прогресот се врши со примена на конформна метода со реален број денови (365) на крајот од секој период, а се исплаќа по Ваш избор:

  • на денарска трансакциска сметка, по истекот на секој период;
  • каматата се капитализира – при започнување на секој нов период, пресметаната камата од претходниот период се капитализира, односно се додава на износот на депозитот, и на неа се пресметува камата по каматната стапка за наредниот период.

Калкулатор

За повеќе информации околу депозитите, контактирајте нè во нашите експозитури.

принт

Калкулатор за депозити

Конкурентни и флексибилни услови на депонирање на Вашите слободни парични средства, како и неколку видови депозити прилагодени според Вашите бизнис потреби и можности