A+ / A-

Девизно документарно работење

Како дел од една од најголемите банкарски групации во Европа и светот, како и долгогодишното искуство во меѓународните пазари, Охридска банка, Сосиете Женерал Груп, Ви нуди различни услуги поврзани со девизното документарно работење.

Инкасото е инструмент кој се користи во меѓународното трговско работење и претставува наплата на одреден износ на средства преку банка врз база на презентација на одредена документација (фактура,транспортен документ,различни сертификати) при што банката се јавува во улога на посредник.

Инкасото е инструмент за плаќање кој е регулиран со Публикација 522 издадена од Меѓународната Трговска Комора во Париз со Еднообразните правила и обичаи за документарно работење.

Овој инструмент се користи за зголемување на сигурноста во работењето, посебно кога се работи за партнери од т.н. ризични земји.

Банката врши пуштање документи на наплата – ностро инкасо и прифаќање на документи за плаќање – лоро инкасо.

Банкарска гаранција подразбира инструмент за обезбедување со кој банката по налог и во име на својот клиент превзема неотповиклива обврска да плати одреден износ по барање на корисникот на гаранцијата доколку нејзиниот клиент не исполни одредена платежна или чинидбена обврска.

Банката врши издавање и авизирање на следните видови девизни гаранции:

Ностро девизни гаранци

  • Лицитациона гаранција
  • Платежна гаранција
  • Гаранција за лизинг
  • Авансна гаранција
  • Гаранција за добро извршување на работи
  • Гаранција за обврски во гарантен рок
  • Други видови гаранции, зависно од потребите на клиентите.

Лоро девизни гаранции

Охридска Банка АД Скопје ги врши следните гаранциски услуги:

  • Прием на гаранции преку SWIFT, или од корисникот во оригинал и идентификација на автентичност на потписи
  • Нотификација – проследување на гаранцијата до корисникот
  • Проследување на Барање за наплата по лоро гаранција од корисникот до Банката гарант, заедно со придружната документација.

По налог на клиентот зависно од Вашите барања и инструкции, Охридска Банка АД Скопје ги издава следните денарски гаранции

  • Лицитациони гаранции
  • Платежни гаранции
  • Гаранција за враќање на примен аванс
  • Гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите
  • Гаранција за обврски во гарантен рок
  • Гаранција за обезбедување на плаќање царински долг
  • Гаранција за отплата на кредит
  • Гаранции за ослободување на гарантен депозит
  • Останати видови гаранции согласно потребите на клиентот

Потребни документи за издавање / измена на ностро девизна гаранција

  • Барање за издавање/измена на девизна гаранција
  • Неопходна документација (Договор со странскиот корисник, профактура, фактура, нарачка, тендерска документација и др.)

Овластени потписници

Основни информации

Акредитивот е значаен платен инструмент во надворешно трговската размена со кој налогодавачот преку банката му става на располагање на корисникот одреден износ кој тој може да го наплати после исполнувањето на одредени претходно договорени услови во даден временски рок.

Овој инструмент го намалува ризикот во работењето и ги штити интересите на двете договорни страни: купувачот се осигурува за квантитетот и квалитетот на стоката и рокот на испорака, а продавачот се осигурува дека ќе изврши наплата за испорачаната стока.

Предности од користење на инструментот

  • Најсигурен инструмент за меѓународно плаќање и обезбедување
  • Намалување на ризикот од работењето со странство
  • Меѓународно регулиран со Еднообразни правила и обичаи за документарни акредитиви

Видови на акредитиви:

  • Ностро /увозен/ акредитив;

Услови за отварање на ностро акредитив

  • уредно пополнет налог образец 1451, со приложена документација од страна на увозникот, како и целосни инструкции во поглед на условите на акредитивот
  • фактура или профактура како документ за стокови акредитиви
  • покритие за отворање на акредитивот (обезбедени денарски или девизни средства ) или одложено покритие во согласност со политиката и процедурите во Охридска Банка.

Провизии и трошоци

  • Лоро /извозен/ акредитив.

Услови за отварање на лоро акредитив

  • уредно пополнет налог образец 1451, со приложена документација од страна на увозникот, како и целосни инструкции во поглед на условите на акредитивот.
  • фактура или профактура како документ за стокови акредитиви

Провизии и трошоци

Во зависност од договорот со клиентите и условите за плаќање акредитивот може да биде: конфирмиран или неконфирмиран, пренослив, stand by, револвинг и сл.

 

принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 27.06.2017
117
24.06.2017, 00:00 - 27.06.2017, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!