A+ / A-

Маестро

Maestro® дебитна картичката е најпрактичен начин да се грижите за Вашите пари и да имате пристап до нив во кое било време. Картичката Maestro е директно поврзана со Вашата трансакциска сметка и е наменета за секој клиент кој има отворено трансакциска сметка во Охридска банка.

Предности:

  • Без членарина за целиот период на користење на картичката доколку своите лични примања ги земате преку Охридска банка
  • едноставен и лесен пристап до вашите пари 24 часа на ден, 365 дена во година на преку 1 милион банкомат со знакот на MasterCard и Маестро
  • можност за плаќање на стоки и услуги на преку 29 милиони продажни места насекаде во светот
  • избегнување на чекање во редици на шалтери за подигнување на готовина (локатор на банкомати на Охридска банка)
  • намалување на ризикот од користење на готовина – губење, кражба, фалсификувани банкноти
  • можност состојбата на вашата картичка да ја следите преку OBSGNet електронското банкарство од кое било место
  • можност за дополнителни картички за Вашите најблиски

Потребни документи за добивање картичка:

  • Барање за издавање и користење на Маестро дебитна картичка
  • Валиден документ за идентификација – лична карта или пасош

 

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!