A+ / A-

ОХРИДСКА БАНКА СО БЛАГОДАРНИЦА ОД ЕБОР

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) организираше завршен настан за Кредитната линија: Мали и средни претпријатија –  Програма за поддршка на конкурентноста.

МСП се столбот на македонската економија, но пристапот до финансиски средства често пати е голем предизвик. Поддршката на ЕБОР преку кредитната линија за конкурентност одговори на тие предизвици обезбедувајќи пристап до финансии и техничка помош. Линијата беше наменета за финансирање на инвестициони проекти на мали и средни претпријатија. По успешно завршување на инвестицијата на клиентите им се исплаќаше грант во износ од 10-20 % од износот на кредитот, зависно од типот на  инвестицијата.

Кредитните линии на ЕБОР преку локалните банки, беа пласирани на локалните компании за промовирање на производните стандарди и директивите на ЕУ во областа на заштита на човековата околина, грижа за здравјето на работното место, како и безбедност и квалитет на производи. Најголемиот број на кредити им беа доделени на компаниите од прехрамбената индустрија и од производителите на пијалоци, како и на компаниите од преработувачката индустрија кои воглавно произведуваат хартија, метал, пластика и стакло.

Охридска Банка, Групација Сосиете Женерал беше најголемиот корисник на оваа линија и од вкупниот износ на средства во висина од 19 милиони евра расположливи за македонските банки, искористи 9 милиони евра. Со овие средства, банката финансираше 38 проекти кои беа успешно завршени.

По повод успешната имплементација на линијата, на Охридска Банка и беше доделена специјална благодарница за извонредни успеси и соработка од страна на ЕБОР. 

принт

Oпштествена одговорност

Преку спонзорства и донации Охридска банка демонстрира општествена одговорност...