A+ / A-

MasterCard business картичка

MasterCard® Business картичка e меѓународна кредитна charge картичка наменета за правни лица резиденти и нерезиденти кои имаат отворено жиро сметка во Охридска Банка АД Скопје.

Со MasterCard® Business картичка може да се извршуваат следните функции:

  • Платежна функција – за плаќање на стоки и и услуги , репрезентативни трошоци, хотелско сместување, патни трошоци во земјата и странство на сите продажни места каде што има инсталирано EFT POS уред кој припаѓа на MasterCard® мрежата, каде што има ознака на MasterCard® или Maestro® како и плаќање преку интернет ( резервација на хотели , купување на авио карти и сл.)
  • Исплатна функција – за исплата на готовина на Cash Аdvance Outlet уредите на други банки во земјата и странство, како и за подигање на готовина на банкоматите, каде што е истакнат знакот на MasterCard®, Maestro®.

MasterCard® Business картичката се издава на име на правното лице и може да се користи од повеќе вработени кај правното лице.

Картичката функционира на принцип на одложено плаќање, а располагањето со средствата е ограничено на кредитен лимит кој се одобрува на ниво на правниот субјект и на ниво на поодделните корисници на картичките односно вработените лица. Вкупниот лимит на правното лице се одредува на основа на бонитетот на клиентот и деловниот приход од последниот пресметковен период.

Подмирувањето на доспеаните обврски кои настанале со користење на картичката во земјата и во странство се извршува во денари до 15ти. следниот месец.

MasterCard® Business картичката се издава со рок на важност од две години при првото издавање и две години за секое наредно обновување.

Предности на MasterCard® Business картичката

  • Едноставно и безбедно користењето на MasterCard® Business картичката без провизии во трговската мрежа на повеќе од 29 милиони локации било каде во светот.
  • Бескаматен период од максимум 45 денови
  • Достава на бесплатен месечен извод за следење на сите потрошоци направени преку користењето на вашата MasterCard® Business картичка
  • Издавање на неограничен број на картички за вработените лица во Вашата компанија
  • Конципирање на дневни лимити по поодделни картички според специфичните барања и потреби на Вашата компанија
  • Бесплатно осигурување на имателите на MasterCard Business картичката

Потребни документи за издавање на MasterCard® Business картичка:

  • Пополнето барање
  • Лична/и карта/и на корисниците на дополнителна/и картичка/и
  • Биланс на состојба и биланс на успех за претходната година
  • Заклучен лист за последниот квартал од тековната година
  • Промет на жиро сметка за последните 6 месеци
  • Копија од решение за регистрација на претпријатието со сите прилози
  • Известување од завод за статистика на РМ за распоредување по дејности
  • Тековна состојба
  • Изјава / Согласност за проверка на кредитна изложеност
  • Потпишан Договор за издавање и користење на Business Charge картичка
  • Обезбедување
  • Друга документација

Надоместоци за користење на MasterCard® Business

принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 26.05.2017
097
26.05.2017, 00:00 - 26.05.2017, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!