A+ / A-

Што претставува технологијата „3D Secure“?

3D Secure“ е бесплатна услуга која ви овозможува дополнителна заштита при онлајн-купувања со Вашите VISA или MasterCard картички.  „3D Secure“ технологијата е највисок меѓународен стандард за интернет заштита на Visa и MasterCard картичките на Охридска банка Сосиете Женерал, кој нуди заштита и безбедност при онлајн-купувањето преку користење еднократна  лозинка (OTP – One Time Password) за потврда на Вашиот идентитет.

Услугата „3D Secure“ за сите клиенти од Охридска банка Сосиете Женерал е достапна на три јазици: македонски, англиски и албански.

Услови за користење на „3D Secure“?

Сите VISA и MasterCard картички, издадени од Охридска банка Сосиете Женерал, се автоматски регистрирани за оваа услуга. Дополнително регистрирање за оваа услуга не е потребно.

Единствен услов што треба да го исполните е поседување валиден мобилен телефонски број, пријавен во Банката, на кој ќе Ви пристигнуваат СМС-пораки со еднократни лозинки за интернет-плаќањата. Доколку Вашиот мобилен телефонски број постои во нашиот систем и во меѓувреме не е променет, не е потребна никаква дополнителна пријава. Доколку го немате доставено Вашиот мобилен телефонски број во Банката или тој е променет, Ве молиме да го ажурирате тој податок во експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал.

Како функционира технологијата „3D Secure“?

„3D Secure“ овозможува проверка на автентичноста и идентитетот на корисникот на картичката при вршењето интернет-плаќања со Visa или MasterCard картички. 

 При вршење на трансакции на интернет-сајтови на кои е истакната ознаката Verified by Visa и/или MasterCard Secure Code, Охридска банка Сосиете Женерал врши верификување на интернет-трансакциите со испраќање на СМС-порака со еднократна ОТП-лозинка на Вашиот мобилен телефон за време на извршувањето на трансакцијата.


      


Забелешка: Иако на некои веб-страници логоата се присутни, сепак може да се изврши трансакција без „3D Secure“.  Во некои случаи трговците во својот систем дефинираат минимален износ под кој трансакцијата може да се изврши и без „3D Secure“.

За да може да ја комплетирате трансакцијата, потребно ќе биде да ја внесете добиената ОТП-лозинка (испратена на мобилниот телефон), со што ќе се верификува автентичноста на трансакцијата. 

Пример за e-commerce трансакција верифицирана со ОТП-лозинка:

Чекор 1: Добивате СМС-порака со содржината на нумеричката ОТП-лозинка (пр. 81727661)

Чекор 2: Ја внесувате нумеричката ОТП-лозинка што сте ја добиле како СМС-порака на Вашиот мобилен телефон.

ЗАБЕЛЕШКА: Со цел да се реализираат трансакциите без проблем, потребно е Вашите контакт-информации да бидат ажурирани, поточно Вашиот мобилен телефон на кој ќе се испраќа СМС-пораката со еднократната ОТП-лозинка. Ова ажурирање може да го направите во експозитурите на Охридска банка Сосиете Женерал.  

Која е предноста за корисниците на платежни картички на Охридска банка Сосиете Женерал?

Механизмот на заштита на технологијата „3D Secure“ е насочен кон заштита од кражба на идентитетот на корисниците на картичките и заштита од злоупотреба на податоците од картичката (бројот на картичката, датумот на истекување и CVC/CVV2-кодот). 

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА 





принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!